Откупната цена на праските во Македонија е на ниско ниво од околу 20 денари. Цената на праската лани беше 35 денари, а достигнуваше и до 50 денари за прва класа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, и се додава „СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделството и не смее поради несериозниот пристап да страда основна гранка за егзистенција на многу семејства во државата. Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна“.
Додека Министерството за земјоделство беше раководено од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година, за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци што ги покриваа трошоците од временските непогоди што им штетеа на производите.
Земјоделците поради важноста на оваа гранка секогаш беа приоритет на Владите на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме имале слух и сме ги решавале проблемите правовремено. СДС не смее да ги игнорира реалните проблеми на земјоделците. СДС ја води владата и мора да почне да работи. Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се соочуваат земјоделците.
Граѓаните од СДС ги очекуваат најавените проекти и мерки, а не само најави за укинување, блокирање и уривање. Граѓаните од СДС ги очекуваат најавените 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата и тоа веднаш, а не за неколку години. Лекарите очекуваат 100.000 денари плата како што СДС им вети.
Граѓаните од СДС очекуваат нови 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на 15 проценти на потрошениот ДДВ, кое СДС го вети како една од основните мерки што ќе ги спроведе.
Граѓаните не сакаат некој да ги влече за нос и да си поигрува со нивната егзистенција и судбина.
Граѓаните сакаат работа и посветеност, како што правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето (видео)
-
Николовски: Се прават максимални напори за извоз на праските во други земји
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август