| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата диџеј ѕвезда во светот-Мартин Гарикс на „Скопје колинг 2017“

Најжешката глобална ѕвезда во моментов, Мартин Гарикс (Martin Garrix), за прв пат како број 1. светски диџеј доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот „Скопје колинг“ (SKOPJE CALLING 2017).
После феноменалниот почеток на „Скопје колинг“ (Skopje Calling), лани, со настапите на хитмејкерите Дејвид Гета (David Guetta), Робин Шулц (Robin Schulz) и Кунгс (Kungs), годинава Скопје ќе биде домaќин на човекот којшто е најголема диџеј ѕвезда во светот во моментов.


-Настапот на Мартин Гарикс (Martin Garrix) ќе се одржи во рамките на фестивалот „Скопје колинг“ (Skopje Calling) на 23 јуни, на стадионот на АРМ, информираа денеска организаторите „Авалон продукција“.
Иако има само 20 години, Мартин гарикс (Мartin Garrix) тој со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Коачела (Coachella), Ултра мјузик фестивал (Ultra Music Festival), Тмороуленд (Tomorrowland) и други, каде настапува единствено како хедлајнер.

Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Анималс“ (Animals), а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.
Пред диџеј сетот на Гарикс, на фестивалот „Скопје колинг“ (Skopje Calling 2017) ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта. Станува збор за: Алекс Адаир (Alex Adair), специјален гостин е Џакс Џонс (Jax Jones), а поддршка од македонска страна ќе бидат: DuoZ& Галоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top