| четврток, 6 декември 2018 |

Го викнал за да се смират, па го нападнал: Прилепчанец заработи кривична заради тепачка во дискотека

Дваесет и две годишниот М.Ј. од Прилеп заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 21.05.2017 година во ноќен клуб настанала вербална расправија помеѓу пријавениот и А.Џ. Откако завршила расправијата, женско лице на А.Џ. му кажало да излезе во ходникот за да се смират со М.Ј..

Оштетениот А.Џ. слегол во ходникот каде му се доближил пријавениот и со тврд предмет го удрил во пределот на устата, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top