Американската прва дама Меланија Трамп конечно се всели во Белата куќа, а таа и синот Барон стигнаа во придружба на родителите на поранешната словенечка манекенка.
Родителите на Маеланија Виктор и Амалија Кнавс кои живеат во САД секоја година одат во Словенија. Се очекува дека тие сега почесто ке ги гледаме во Белата куќа бидејќи активно учествуваат во одгледувањето на Барон, но немаат намера да се преселат во Вашингтон.
Кога Виктор и Амалија слетаа на аеродромот, нивните фотографии се проширија по интернет, а причината за тоа е помалку бизарна. Имено, многу корисници на социјалните м,режи почнаа таткото на Меланија да го споредуваат со Трамп.
Немав поим како изгледа нејзиниот татко досега. И…, напиша еден корисник на социјална мрежа на што бројните коментари беа шокирачки и водеа во насока на тоа дека Трамп и Виктор се мошне слични, а и дека слично се облекуваат.
Некои дури и наведуваа цитати од Си-Ен-Ен во кои стручњак објаснува зошто наоѓаме партнер кој личи на нашиот родител.
Иако корисниците на Твитер отидоа предалеку, факт е дека можеби поради костумот или поради годините, таткото на Меланија навистина помалку наликува на Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Критики и неверување: Првата дама на САД потрошила 174 илјади долари за 12 часа
-
Судот ја блокираше мерката на Трамп за забрана на барање за азил
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)