| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал го стопира трансферот на Санчез во Сити, само еден клуб е опција за Чилеанецот

Арсенал ќе направи се што е во негова можност го задржи Алексис Санчез во своите редови, но реално гледано, тоа ќе биде навистина тешка мисија за Арсен Венгер и челниците на клубот со оглед на фактот што тимот од Северен Лондон за првпат после 20 години не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Сите играчи на Арсенал и самиот Венгер ќе се соочат со една сосема поинаква ситуација во однос на тоа што го правеа во изминативе години, а англиските медиуми се уверени дека тоа ќе го натера Алексис да побара излез и да направи трансфер во друг клуб. Во последните неколку дена, на сила доби информацијата дека Пеп Гвардиола ги преземал работите во свои раце за ангажман на играчот со кого соработуваше во Барселона, па токму поради тоа Сити се претвори во фаворит број еден за сензационален ангажман на крилниот напаѓач.

Сепак, функционерите на Арсенал и особено Венгер на големо се противат на едно вакво големо предавство, па како што информира англиски „Мирор“, во таборот на „топчиите“ се подготвени да блокираат еден ваков трансфер кој ќе биде голем удар и за фановите. Англиските таблоиди потенцираат дека Арсенал нема да го продаде Алексис на ниту еден ривалски клуб од Англија, а доколку на крајот мора да се откаже од услугите на Чилеанецот, тоа ќе го направи за клуб од друга земја, или во случајот Баерн Минхен кој е најзагреан за феноменалниот Алексис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top