Во 1991 година малкумина луѓе ја знаеле вистината за тоа дека бракот на принцезата Дајана се распаѓа и дека Чарлс ја обновилв врската со Камила Паркер.
Уништена, решила својата страна на приказната да ја раскаже на авторот Ендрју Мортон кој го снимил разговорот и потоа објавил книга. Единствен услов бил – тоа да остане тајна.
Книгата „Дајана: Нејзината вистинска приказна“ стана сензација. Дваесет години по смртта на принцезата, книгата е повторно објавена, но овој пат во неа се вметнати и транскриптите од снимката од разговорот.
„Дејли мејл“ го објави разговорот кој се водел две дена по венчавката на Дајана и Чарлс. Тој настан го следеа 750 милиони луѓе ширум светот.
– Се венчавме во среда. Во понеделник отидовме во „Сент Пол“ на последна проба. Кога ги видов светлата на камерата, знаев како ќе изгледа тој ден. Очите ми засолзеа. Се скршив поради разни работи. Камила беше во целата таа приказна. Очајно се обидував да бидам дорасната на ситуацијата, но немав со кого да поразговарам. Се сеќавам дека мојот сопруг беше многу уморен. Двајцата бевме – раскажува Дајана.
Таа признава дека ноќта пред венчавката имала проблеми со булимијата.
– Никој не сфаќаше што се случува. Јадев се што можев да изедам и повратив – вели Дајана.
Потоа Дајана опишува што се случувало на денот на венчавката и дека сето време со поглед ја барала Камила. Истакнала дека многу го сакала својот мажи и дека во некои моменти мислила дека не е достојна за него.
– Истовремено мислев дека сум најсреќна девојка на светот и дека тој ќе се грижи за мене. Каква гршка. Ја видов Камила со синот и таа слика ми се врежа во сеќавањето – изјави Дајана.
Потоа таа раскажува дека плачела цел меден месец, повраќала и била уморна.
– Ја сонував Камила секоја вечер. На Чарлс не му верував. Тој никогаш не ми кажа ниту еден нежен збор. Бев во депресија и сакав да ги пресечам вените на рацете. Очајно посакував Чарлс да биде горд на мене. Никога не ме пофали. Не спиев, не јадев и цел свет се рушеше околу мене – пишува во транскриптот.
Чарлс и Дајана се развеле на 28 август 1996 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.