Покажувајќи го мерцедесот во јавност, Зоран Заев и СДС наместо да бидат интересни, испаднаа смешни. Нивниот обид наиде на потсмев на социјалните мрежи. Владиниот мерцедес за превоз на високи странски делегации на СДС и активистите на Сорос пред изборите им служеше како предмет за пропаганда против старата власт.
Мерцедесот, чијашто вредност СДС ја пресметуваше луцидно и морбидно во „болни Тамари“, сега, кога е во можност да го испере „гревот на минатата власт“, да го валоризира и да го пренамени за „болни Тамари“, за да не изгуби околу 100.000 евра, реши сепак да го задржи за да им биде поудобно на странците кои ќе дојдат во посета на Македонија.
После изборите Заев призна дека вакво возило и’ е потребно на Република Македонија и покрај тоа што се обиде да ја изрелативизира сопствената дволичност. Заев се обидуваше меѓу редови да каже дека поради тоа што бил лошо чуван мерцедесот ја загубил вредноста од 570.000 евра и сега можел да биде продаден „само за 400.000 евра“ со што ќе сме загубеле многу пари – па затоа ќе го задржел.
Како дополна на овие трагикомични испади на лицемерието на Заев, министерот за внатрешни работи на вчерашната прес-конференција која наликуваше на скеч од Монти Пајтон го покажа неспраниот мерцедес на чија каросерија се гледаа калливи траги од шепи на мачка, обидувајќи се така да ја поткрепи тезата на својот шеф дека мачката која се прошетала во гаражата на МВР му ја симнала цената на мерцедесот за 170.000 евра.
Оваа епизода во режија на СДС не помина незабележана и на социјалните мрежи, каде корисниците се потсмеваа со лицемерието на новата власт.
„Шефот на МВР (ресорот кој гони криминалци, сече канали на дрога и не чува безбедни) одржува прес за да покаже дека мерцедесот не е измиен, Труд и Социјала нарачува вести дека со оваа металнава рампа го реши проблемот за лицата со инвалидност“ напиша Богдан Илиевски на „Фејсбук“.
Од 500 евра плата сеуште ни трага ни глас. Доаѓа монти пајтон во Македонија – додаде Илиевски.
„Осеќам дека Мерцедес ќе му стегне тужба на Спасовски за најглупа презентација на ауто до сега. Можеше барем на хауба да позира“ напиша Никола Србов на „Фејсбук“.
Не остана должен ниту режисерот Борис Дамовски.
„Не го перете мерцедесот, третирајте го како уметничко дели, исто како шарените министерства“ напиша Дамовски.
Иако МВР уште во 2015 година објави дека автомобилот не е на премиерот Груевски, туку сопственост на „Република Македонија, поточно на Министерството за внатрешни работи, а се користи за опслужување на високи странски гости, делегации и политичари“, Социјалдемократскиот сојуз инсистираше на тоа дека „наместо на луксузен автомобил, власта требало да ги потроши за поквалитетен живот на народот кој ги избра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.