Растафаријанската култура ја владее, но македонската послабо. Министерот со суканиците падна на првиот колоквиум. Сакајќи да најави каде патува и на која културна манифестација ќе присуствува Роберт Алаѓозовски ги измеша брзините.
„Пристигнуваме во Прилеп. Градот-херој, градот на Цепенков, на Чернодрински….“, напишал Алаѓозовски над фотографија од патот кон Прилеп, каде што патувал на отворање на 52 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Што и да сакал да напише, погрешил. Ставајќи го Чернодрински во контекст на Цепенков, алудира на нивното потекло.
За волја на вистината, собирачот на народни умотворби Марко Цепенков навистина потекнува од Прилеп, но во животописот на теаратскиот режисер и писател Војдан Чернодрински како родно место е запишано струшко Селци.
Гафот на Алаѓозовски не остана незабележан. Пратеникот Антонио Милошоски му понуди мал квиз на знаење за да ја утврди материјата, а Богдан Илиевски, пак, му предлага да читне Википедија.
Првата петка на Алаѓозовски освен што не му обезбеди право да се јави на испит, многу ги налути стружани, кои се најдоа навредени што министерот ала Марли нивниот Дрим го помешал со прилепска Лајнарка. И стружани, но и прилепчани и многу други со духовити коментари на Фејсбук му помагаат на Алаѓозовски да запамти зошто Струга и Прилеп не е исто и зошто екстерното беше неопходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.