| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав епилог на македонска свадба

Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи – ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како овој наслов, на пример.
Насловите на статии кои функционираат како јадици за поголема читаност, а кои реално имаат банална па и лажна содржина се викаат „кликбејт“. Соодветно на ова, идејата за промоција на читањето преку (зло)употреба на истиот метод е наречена – литбејт.

Многу е просто, и прилично ефективно, барем додека читателот не сфати дека е измамен со посериозна тема. На пример, кликаш на „Британец умрел откако селфито не му испаднало како што треба“, а наместо тоа го добиваш целиот текст на „Сликата на Доријан Греј“.

Книжарницата од Далас која ја смислила кампањата се вика The Wild Detectives (Дивите детективи). Андрес Де ла Каса-Уертас од кампањата изјавил дека идејата не е толку да натераш некого да чита, колку да се промовира читачката култура, која на овој начин станува макар и за момент поатрактивна. Секој од лажните наслови е придружен со соодветна фотографија, која често е уште подраматична од самата вест.

Еве како изрекламираа неколку од книгите:

(Гуливеровите патувања, Дракула, Владетелот, Ромео и Јулија)

Патем, Чернодрински идејата за „Македонска крвава свадба“ ја добил токму од новински текст во весникот „Реформа“ во кој се опишувал животот во тогашна Македонија. Како што пишува во своите Спомени: „Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед”.

Извор: Оф.нет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top