Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо има голема причина за славење, со оглед дека стана татко на близнаци добиени од сурогат мајка. Неговиот син Роналдо јуниор, кој има шест години, добива братче и сестричка, кои ќе ги добијат имињата Матео и Ева.
Фудбалерот на Реал Мадрид ја потврди оваа вест, откако таа претходно беше лиферувана од португалскиот магазин „Корејо ди Мања“.
Според последните информации и девојката на Роналдо, Георгина Родригез, е исто така бремена, па Португалецот би можел по неколку месеци повторно да го зголеми своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.