| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ му даде ретко, но моќно име на синот

Српскиот претседател се одлучи за име кое денес е многу ретко.

Александар Вучиќ вчера по третпат стана татко, а синот го крсти Вукан.

Вучиќ ја прекина посетата на Казахстан поради раѓањето на неговиот син. Тој веднаш заминал во болницата „Народен фронт“ да ги види бебето и сопругата.

Ова е трето дете на Вучиќ. Тој од претходниот брак има син и ќерка. Тамара е втора сопруга на Вучиќ и негова прва љубов бидејќи се знаат од млади години.

Тамара е првата дама на Србија, а пред неа сопруга на Вучиќ, беше Ксенија!

– Вечерва за прв пат ќе морам да ги прекинам државничките обврски и тоа со насмевка на лицето, бидејќи Тамара и јас добивме син – напиша Вучиќ на Твитер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top