| четврток, 6 декември 2018 |

Турција распоредува сили во Катар

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција решила да стационира трупи во база во Катар, како вели, за одржување на безбедноста откако сојузниците ги прекинаа сите врски со таа држава.

Чавушоглу на состанокот со бахреинскиот колега шеикот Калид бин Ахмед ел Калиф изјави дека целта е безбедност во Заливот, додавајќи дека цел не е ниедна земја поединечно. Лидерите посакуваат крај на кризата пред крајот на Рамазан, околу 25 јуни.

Турскиот претседател реџеп Таип Ердоган порача дека ќе го поддржи Катар и ќе одржи добри односи со другите земји од Заливот, а за сега директно не ја критикуваше Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет во понеделникот ги прекинаа сите врски со Катар, обвинувајќи ја земјата дека го поддржува тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top