| четврток, 6 декември 2018 |

Протести за оставка на Тереза Меј

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Лондон и побараа оставка од британската премиерка Тереза Меј.

Демонстрантите изразија незадоволство од коалицијата меѓу Конзервативната партија и Демократската унионистичка партија.

Организатори на протестот се граѓанското движење „Дајте отпор на расизмот“ и пацифистичката коалиција „Прекинете ја војната“, меѓу чии раководители е и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин. Мнозинството од учесниците во протестот побараа Корбин да ја преземе премиерската функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top