Државниот завод за статистика денеска информираше дека во првото тримесечје од 2017 година, активното население во Република Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 се невработени.
Стапката на активност во овој период е 56,7, стапката на вработеност е 43,7, додека стапката на невработеност е 22,9.
По овој повод се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.
-Дури и во период на премрежја, криза и постојани напади продолживме да работиме на нашето ветување до граѓаните за намалување на невработеноста. Резултатите се потврдени. Државниот завод за статистика регистрираше досега најниско ниво на невработеност под 23%, поточно 22,9%. За една година (споредено со првото тромесечие од 2016год), имаме пад на невработеноста од 1.6%, или новоотворени над 19 000 работни места. Споредено со периодот 2005, 2006 и сега 2017 имаме пад од над 15%, од 38% на 22.9%, или од 560 000 вработени сега имаме 734 043, или во периодот додека ВМРО ДПМНЕ ја имаше одговорноста да управува со државата се отворија над 174 000 работни места. Ова значи решавање на најгорчливиот проблем на граѓаните. Падот на невработеноста се должи на поттикнување и поддршката на домашното стопанство, активните мерки за вработување и силниот фокус на привлекување странски инвестиции кои се акцелератор, поттикнувач и на домашното стопанство кое соработува со овие странски компании. Она што недостасува кај новата влада е концентриран и професионален тим за странски инвестиции. Слабите перформанси може да резултираат со бркање на дел од инвеститорите што ке значи отпуштање или обесхрабрување на инвеститорите со кои бевме во финална фаза на инвестирање. Останува времето да покаже и државата би била најсреќна доколку трендот на пад на невработеноста продолжи. На новата влада предоводена од СДС им оставивме ликвиден буџет. Подобро е уште веднаш да се фатат за конкретна работа-напиша Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски