| четврток, 6 декември 2018 |

Христо Петрески доби „Гоцева повелба“

Советот на културната манифестација „Гоцеви денови“ одлучи годинава наградата „Гоцева повелба“ да му биде доделена на писателот Христо Петрески, за досегашното книжевно творештво.

Наградата ќе биде врачена в сабота, во 11 часот во Струга, а за творештвото на лауреатот ќе говори Петко Шипинкаровски. Манифестацијата годинава се одржува по 42. пат, по повод 110 години од смртта на Гоце Делчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top