Писателот и сликар Христо Петрески од 6 до 10 август ќе биде учесник на Меѓународна ликовна колонија во Врањска Бања (Србија), каде, покрај сликарското, ќе биде претставено и неговото книжевно творештво.
Како сликар Христо Петрески досега има изложувано свои слики изработени со масло на платно на 12 самостојни ликовни изложби во Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Радовиш, Неготино, Демир Капија, Ресен и други градови, а учесник е и на повеќе меѓународни ликовни колонии.
На Меѓународната ликовна колонија во Врањска Бања со посебен книжевен портрет ќе биде претставен и како писател со промоција на неговото најново книжевно творештво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.