| четврток, 6 декември 2018 |

ИОК пресече: Баскет „три на три“ стана олимписки спорт

Баскетот „три на три“ е нов олимписки спорт, реши Интернациоланиот олимписки комитет (ИОК), кој денеска решаваше за прием на неколку нови спорта во своето олимписко семејство.

Баскет „три на три“ ќе се игра на Игрите во Токио. Станува збор за натпреварување во чиј развој ФИБА значително инвестираше во изминатиот период, па ИОК реши да му даде шанса и на следните Олимписки Игри, кои за три години ќе се одржат во Токио.

На ОИ во Токио во 2020 година ќе се натпреваруваат по 32 екипи во машка и во женска конкуренција, а форматот на квалификации и на наатпреварување дополнително ќе биде објавен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top