| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО и реформаторите ќе одработуваат, Заев може да одмара

Стравот од силно ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните зафати поврзани со обезличување на македонската нација и распродажбата на државните и национални интереси, кои се планирани по поставувањето на квинслишката власт во Македонија, сега сценаристите повторно се обидува да чепкаат во најголемата партија, која единствено цврсто остана на своите ставови во оваа повеќегодишна надворешна интервенција со единствена цел – смена на името и идентитетската посебност на македонскиот народ

„Наместо да се зафати со реализација на ветувањата до граѓаните, од ден на  ден се засилува кампањата која треба да го одвлече вниманието од најавеното покачување на минималната и просечната плата, покачувањето на платите на докторите или растот на БДП, се продуцираат настани кои сето ова треба да го фрлат во втор план“ објавува порталот „Курир“ .

Според пишувањата на порталот, се ветуваа реформи и проекти, а се стартуваше со најави за уривање, блокади и укинување. Новата влада под водство на СДС тргна по линија на помал отпор.

Токму денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО) реши да отпочне со повикување на раководството на партијата за искази во врска со случајот „Талир“. Во моментот кога организирани пред СЈО чекаа сите медиуми под контрола на СДСМ/Сорос, „реформаторите“ си закажаа прес конференција.

-Денес продолжи политичката хајка кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ. јас повеќе пати тоа го имам истакнато, дека СЈО во спрега со СДСМ, еве денес не случајно на овој ден се појавија и некакво реформатори, вршат политичка хајка на високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска бев осомничен заради тоа што сум ставил параф на некој договор. Повикувам СЈО да започне да работи предмети за СДСМ со цел да докажат дека не се политичка испостава на СДСМ. Нивниот рок е при крај, тие одлучија да се занимаваат исклучиво со функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Ние во судската постапка ќе ја докажеме нашата невиност, изјави пред СЈО поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески – пишува понатаму „Курир“.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли во целост обвинувањата за случајот „Талир“

Веднаш по отворањето на случајот „Талир“ од страна на СЈо на 22-ри минатиот месец, ВМРО-ДПМНЕ во целост ги отфрли обвинувањата. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која дејствувала, дејствува и ќе продолжи да дејствува врз основа на Закон и само врз основа на Закон и тоа е потврдено од сите институции надлежни за проверка на финансиското работење на политичките партии, категорични беа од апртијата.

-Сите обиди и политички памфлети чија цел е да се претстави некакво наводно не законско работење на ВМРО-ДПМНЕ, на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ се неточни. Невистинити и енергично, и компромисно ги офрламе во целост. Обидот на СДС и нивната партиска испостава СЈО без докази, без факти и без аргументи да изврши компромитација и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ е многу опасен и погрешен пат. ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави на овој обид за уништување на партијата, а СДС и СЈО ќе бидат единствено одговорни за атмосферата која ќе биде предизвикана во следниот период и во која ние ќе се спротивставиме на неправдата и неправото, изјави на прес-конференција Емил Димитриев.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да потклекнат на овој притисок, кој го анрекоа „безобразен поттик да бидат компромитирани за да биде скршена Македонија“.

Покрај СЈО, и „реформаторите“ одработуваат за Заев

Стравот од силно ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните зафати поврзани со обезличување на македонската нација и распродажбата на државните и национални интереси, кои се планирани по поставувањето на квинслишката власт во Македонија, сега сценаристите повторно се обидува да чепкаат во најголемата партија, која единствено цврсто остана на своите ставови во оваа повеќегодишна надворешна интервенција со единствена цел – смена на името и идентитетската посебност на македонскиот народ.

Оваа група нема поддршка од членството туку од други фактори, кои сакаат да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ. Вакви најави, впрочем, протекоа токму од извртените мајстори на квинслишката медиумска групација, која пред неколку години ги промовираше и Никола Димитров како реформатор со т.н. „Амстердамска тројка“ или, пак, демократот Кекеновски, чиишто резултати ги гледаме. Ниту добија поддршка, ниту, пак, имаат некакво влијание. Освен лично, како Димитров, што сега е министер кој е поставен за спроведување на сценариото.

Овие „реформатори“, богатејќи се на грбот на членството што работи за идеологијата, веројатно сега одработуваат агенда, која повторно ќе им донесе удобен живот без труд и работа. Сметаат дека овој начин повторно ги стави во фокусот на вниманието, што повторно ќе им овозможи луксузи и елитни забави со амбасадори.

Многу е интересно што до пред десетина дена, членовите на оваа група беспоштедно ги поддржуваа политиките и движењето на ВМРО-ДПМНЕ, без да имаат каква било забелешка на „демократијата“ или донесените одлуки и решенија. Таа потреба се јави кога се соочија дека ќе останат без бенефитите.

Лага во функција на туѓ интерес е дека статутот на ВМРО-ДПМНЕ е недемократски. Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е истиот според кој самопрогласените реформатори биле бирани во минатото на позиции во комисии и општински штабови во партијата, а некои од нив истите ги извршуваат до ден денес, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Причините за незадоволството на оваа мала група се чисто лукративни, а не демократски. Затоа, повикот за „реформи“ не дојде ни после победите во 2006, 2008, 2011 или 2014 година, туку токму сега кога дел од нив се соочуваат со веројатна промена од работните позиции на кои се наоѓаат и прекин на месечниот паушал кој го примаат, поради промената на власта во Македонија. Тоа значи дека како и во минатото, така и денес има луѓе кои од лукративни причини измислуваат т.н. демократски повод чија причина е да создадат раздор во партијата и да одработуваат за туѓи интереси, се вели во реакцијата.

Колку е апсурдно барањето за реформи, говори и фактот што неколкумината незадоволни потврдуваат дека политиките на актуелното раководство доведоа до тоа партијата 11 години по ред да ја добива поддршката од народот на избори и како што и самите велат, во моментов да биде најмоќната партија. Тоа што им пречи на неколкумината незадоволни е фактот дека ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги принципиелните политики и волјата на гласачите се одлучи да не влегува во непринципиелни коалиции за формирање на Влада во кои би се правеле договори на штета на иднината на Република Македонија. Алчноста за функции на поединци не може да премине преку оваа вистина.

-Вакви луѓе немаат ниту кредибилитет, ниту капацитет да бидат реформатори. Неколку функционери незадоволни од својата кариера во партијата со слаби резултати може да предлагаат и повикуваат на реформи, но тоа се прави во процедура која им е добро позната, со обраќање до соодветните партиски тела кои секогаш сослушувале било какви иницијативи и предлози. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема пораз на последните 10 изборни циклуси по ред.
Прескокнувањето на сите партиски процедури и јавното навредување и квалификување на ВМРО-ДПМНЕ како недемократска партија е повреда на угледот и честа на партијата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ“ објавува „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top