Македонскиот репрезентативец кој игра во фантастична форма, Езџан Алиоски, се наоѓа на радарот на германскиот бундеслигаш Штутгарт.
Алиоски е еден од најдобрите фудбалери во швајцарската лига затоа што до крајот на сезоната даде 16 гола и додаде уште 14 асистенции зад своето име.
Неколку клубови се заинтересирани за неговиот потпис, а еден од нив е германски Штутгарт кој е подготвен да седне на маса со Лугано и да преговара за откуп на договорот на Македонецот. Швајцарскиот тим веќе неколку пати даде до знаење дека нема лесно да го даде Алиоски, затоа што ги чекаат мечеви во квалификациите за Лига Европа.
Алиоски како младинец во 2013 година веќе беше на проба во Штутгарт, но сепак, клубот реши да не го донесе во своите редови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“