Популарниот турски актер Халит Ергенч, познат кај нас по улогата на Сулејман Величествениот, во интервју за српски „Курир“ вели дека излегол на протести против неправдите што ги прави конзервативната партија која е на власт и порача дека Турција по сето тоа ќе излезе како слободна земја.
Сулејман, кој е еден од водачите на демонстрациите во Истанбул, бара смена на конзервативната влада на премиерот Реџеп Таир Ердоган и вели дека нема да се откаже и покрај притисоците.
– Од повеќе страни ми порачуваат дека не е паметно тоа што го правам, но таквите притисоци само ме поттикнуваат да истраам во својата намера – вели Ергенч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



