Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) призна дека дозволил „значителни грешки“ во спасувачкиот план за Грција и изјави дека земјата поднела многу потешка рецесија отколку што било предвидено, соопштија американските медиуми.
Ова необично откритие ММФ го направи во изваштај за грчката криза, што вчера беше објавен.
Грција го загуби својот достап до кредитните пазари во 2010 година и доби спасувачки заем од 200 милијарди евра од земјите од еврозоната и ММФ во рамки на две програми.
Земјата, меѓутоа, остана во рецесија шестта година по ред, а невработеноста достигна 27 проценти.
Во извештајот се посочува дека ММФ и партнерите во спогодбата – Европската централна банка и Европската комисија, значително ја потцениле веројатноста дека мерките за штедење, како што беа оданочувањето на трошоците и зголемувањето на даноците, ќе ја продлабочат рецесијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!



