По повод Денот на воздухопловната бригада АРМ за денеска најавува надлетување на градот со 7 авиони.
По добиеното известување од АРМ, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека по повод „10 јуни – Ден на воздухопловната бригада“ денеска во периодот од 10.40 до 11.30 часот, планирано е надлетување над градот Скопје со седум авиони во формација.
Летот на формацијата ќе биде: Од аеродромот „Александар Велики“, преку централното градско подрачје, до населбата Ѓорче Петров и обратно. Авионите ќе летаат на висина од 100 м.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.