| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за навивачите на Реал во Македонија, Кристијано Роналдо нема да допатува во Скопје!

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо најверојатно нема да допатува во Скопје за Суперкупот на Европа против Манчестер Јунјатед на 8 август.

Ако може да му се верува на спортскиот дневен весник близок до Реал Мадрид, „Марка“ по Купот на конфедерации на кој Роналдо ќе настапи со Португалија, ќе добие точно еден месец одмор. Ако Роналдо и Португалија стигнат до финалето, со сигурност најдобриот фудбалер за минатата година нема да настапи во Скопје. Нов Зеланд, Русија и Мексико се противниците во групата на португалската селекција на Купот на конфедерации.

Најдобриот стрелец на последното издание на Лигата на шампионите нема да игра против Барселона во Мајами на 29 јули, а треба да се појави во двата натпревари од Суперкупот на Шпанија првиот во Барселона на 12 август на „Камп Ноу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top