Пензиониран руски полковник бил хоспитализиран во Санкт Петербург откако се опијанил до граница на труење, а кај него, меѓу другото биле пронајдени пет милиони рубљи во кеш (околу 5 илјади долари) и мапа на Сирија.
Полковникот Андреј Трошнев кој е ветеран од чеченската и авганистанската војна не можел на руските полицајци да им објасни од каде се нашле тие предмети кај него. Сепак, како што подоцна открија руските медиуми, Трошнев бил близок соработник на Димитриј Утквин, лидер на платеничката група „Вагнер“ која се бори во Сирија.
„Вагнер“ групата наводно е во тесна врска со „Кремљ“, а познато е дека Утквин е лично одликуван од страна на рускиот претседател Владимир Путин.
Освен парите и мапата, Трошев имал и авионски билет за Краснодар, каде што се наоѓа еден од најголемите кампови за обука на споменатата платеничка група „Вагнер“.
Трошнев по завршувањето на воената кариера служел во единиците „ОМОН“ и „СОБРА“ при руското Министерство за одбрана. Тој важи за вреден официр кој што во својата кариера добил голем број на престижни одликувања и признанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.