За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од учебната 2016/2017 година.
Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни.
Матурантите, пак, утре (10 јуни) ќе полагаат тест по странски јазик. За англиски се пријавени најголем број кандидати (15.201), за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.
Крајот на оваа учебна година помина без екстерно теститање на учениците, кое по четири години примена минатата недела беше укинато во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.