| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Охрид организира јавен увид и расправа по нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15 и 129/15 и 39/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид

О Р Г А Н И З И Р А

1. Јавен увид и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД со намена Г2-лесна индустрија на дел од КП 821/1 КО Косел,  Општина Охрид.

Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД со намена Г2-лесна индустрија на дел од КП 821/1 КО Косел,  Општина Охрид.

2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден  од 8  – 16 часот    почнувајќи  од 07.06.2017 год. до 06.07.2017 год.

3. Јавната расправа ќе се одржи на ден 22.06.2017г.  во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 10 часот.

4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : urbanizam@Ohrid gov.mk или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

(Комерцијален текст)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top