| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона веќе го затвори најголемото засилување за следната сезона!

Екипата на Барселона уште пред почетокот на летниот трансфер период го заврши или подобро речено го обезбеди најголемото засилување за следната сезона.

Имено, еден од најдобрите фудбалери на светот и секако на каталонскиот гигант, Лионел Меси се договори со управата на клубот за продолжување на договорот со верност до 2022 година.

Стариот договор на аргентискиот виртуоз беше со важност уште една година и челниците на Барса стравуваа дека можеби нема да успеат да се договорат со Меси за продолжување на истиот и веќе на крајот на следната сезона да го изгубат како слободен играч и да не заработат нанего ниту цент.

Иако преговорите на Меси со Барселона будно ја пратеа Челси и Манчестер Сити кои беа подгтовени да исплатат едно брдо пари, сепак останаа со кратки ракави.

Детали од договорот не се обелоденети, но се смета дека Меси ќе заработува рекордна сума пари во светот, и дека неговата откупна клаузула сега е качена на неверојатни пола милијарда евра!

Според пишувањето на „Марка“ ова е големо олеснување за новиот тренер Ернесто Валверде кој може да се пренасочи кон доведување на нови играчи во Барселона со цел враќање на врвот во шпанскиот и европскиот фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top