Раул Гонзалез Бланко, легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, смета дека составот кој го скрои Зинедин Зидан е најдобриот во историјата на овој клуб. „Кралевите“ пред неколку дена за првпат во историјата на Лигата на шампионите успеаја да ја одбраната титулата во ова натпреварување, откако во Кардиф со 4-1 славеа над италијанскиот шампион, Јувентус.
– Најпрво сакам да му честитам на Зидан за начинот кој го состави овој тим. Тој мора да продолжи да работи во овој клуб за навивачите да гледаат уште посилен Реал. Мислам дека овој состав е најдобриот во историјата на Реал Мадрид, а најзаслужен за тоа токму Зидан – истакна Шпанецот.
Раул скоро цела кариера ја мина во „кралскиот“ клуб, односно 16 години во кои одигра 550 натпревари, постигнувајќи 228 гола. Во 2010 година замина во редовите на Шалке 04, а потоа го носеше дресот на Ал Саад од Катар и Њујорк Космос од МЛС лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.