Десетта година по ред, Францускиот институт во Скопје го организира Францускиот филмски фестивал во Македонија, којшто годинава ќе земе една поширока децентрализирана димензија, во форма на патувачки фестивал низ целата земја…
Од 14 јуни до 19 ноември во 10 градови во Македонија, ќе се одржат недели на француски филмови со цел промовирање на францускиот и франкофонскиот филм.
Фестивалот ќе се затвори со проекции на неколку француски филмови во рамките на Синедејс, во присуство на млади француски филмски таленти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.