| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Борче Наумоски во Музеј на град Скопје

Вечерва (четврток, 8 јуни) со почеток во 20 часот во Музејот на Град Скопје концерт ќе одржи Борче Наумоски…

Во првиот дел од концертот ќе изведе дела од композиторот Ф. Сор и М. Џулијани, а во вториот дел ќе изведат концерт оп. 30 од Мауро Џулијани за гитара и гудачки квартет во состав Сандра Крстевска – прва виолина, Јелена Туфекчиевска – втора виолина, Тања Трифунова – виола, Љупка Манчевска – виолончело.

Уметничката активност на Борче Наумоски опфаќа низа на солистички концерти и рецитали во Р. Македонија, како на пример во МКЦ, во Даутпашин амам, во куќата на Глигор Прличев, во Музеј на град Скопје … Репертоарот опфаќа дела во распон од ренесанса до музика на дваесетти век.

Покрај изведувачката дејност, Борче работи педагошка дејност со ученици и студенти. Предава на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. ,,Кирил и Методиј” во Скопје, каде во 2016 година е избран за Доцент, а работи како професор во ДМБУЦ,, Илија Николовски – Луј‘‘ во Скопје.

На 9 јуни (петок) со почеток во 20 часот концерт ќе одржи Слободан Миливојевиќ, а на програмата ќе бидат изведени дела од латино-американски композитори оригинално напишани за гитара.

Уметничката активност на Слободан Миливојевиќ опфаќа низа солистички концерти и рецитали во Србија и странство ( Босна и Херцеговина, Црна Гора, САД, Норвешка). Во исто време со изведувачката дејност Слободан работи како педагог. Од 2005 до 2008 година предава гитара како асистент на Универзитетот Индијана во Блумингтон, од 2006 до 2008 година работи како хонорарен професор Френклин колеџот во Индијанаполис. Во овој период е професор по гитара во музичото училиште ,, Јосип Славенски” во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top