Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, во јужните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува умерен, а по Повардарието засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната температура до 27 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.