Албанската полиција во пристанишниот град Драч уапсила македонски државјанин, откако во возилото што го управувал била отриена голема количина марихуана.
Во полициското соопштение стои дека дрогата била откриена при контрола со скенер на камион марка „Даф“ пред неговото влегување во траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари.
Камионот транспортирал свежи краставици, а во кутиите биле и кесите со марихуана. Возилото било натоварено во албанскиот град Лушња од компанија овластена за извоз на зеленук.
Крајната дестинација на дрогата во тежина од 705 клограми била Холандија.
Освен уапсениот Македонец Кирил Ф.(35) полицијата трага по други три лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.