Организаторите на лотаријата Powerball го објавија идентитетот на добитничката на џекпотот во износ од 590 милиони американски долари, а тоа е 84-годишната Глорија Мекензи пренесува makfax.com.mk
Името на среќната добитничка на премијата беше објавено на прес-конференција, согласно правилата на приредувачот на лотаријата и законите на државата Флорида, според кои прогласувањето и исплатата на премијата е единствено можно доколку биде јавно објавен идентитетот на добитникот, што не важи во некои други сојузни држави. Самата среќна добитничка не се појавила на прес-конференцијата, забележува Associated Press.
Глорија Мекензи го купила талонот непосредно пред извлекувањето на 18-ти мај во супермаркет во гратчето Зефирхилс на Флорида кој има 13 илјади жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!


