Турскиот Парламент вечерва по итна постапка усвои закон со кој и се овозможува на Армијата на Турција да испрати свои војници во Катар. Законот беше усвоен со 240 гласови на пратениците од владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) и на третата по големина опозицискиа сила во Парламентот, Партијата на националиситчка акција (МХП).
Со законот, покрај стационирање на турски војници во база на катарска територија, се предвидува и соработка меѓу Турција и Катар во сферата на одбраната. Ваквата одлука на Анкара во западните медиуми се оценува како поддршка на Турција за Катар, кој од пред два дена се најде под дипломатска и економска изолација од страна на повеќе арапски земји, кои ја обвинија Доха за поддршка на тероризмот и за финансирање на екстремни исламистички групи.
Катар ги отфрла ваквите обвинувања и најави подготвеност за надминување на кризата преку дијалог. На одлуката на арапските земји, предводени од Саудиска Арабија и Египет, претходно реагираше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој оцени дека изолацијата на Катар нема да ги реши проблемите и најави дека Анкара ќе стори се што е во нејзина можност да посредува во надминувањето на кризата. Турција има добри односи со Катар, а двете земји го подржуваат исламистичкото движење Муслиманско братство во Египет, како и сириските бунтовнички групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Експлозија на гасовод во Истанбул