| четврток, 6 декември 2018 |

Од 18 јуни Стариот театар ги отвора вратите за граѓаните

Otvaranje na Star nov dramski teatar (21)Од 18 јуни до септември вратите на театарот ќе бидат отворени за љубопитните граѓани што ќе сакаат да го разгледаат новиот објект, како и музејот сместен во зградата на Стариот театар. Водичи ќе им објаснуваат на луѓето за сите детали.

Новиот театар, кој е лоциран на левиот брег од реката Вардар, е изграден врз темелите на стариот театар кој се урна во земјотресот во 1963 година. Позициониран е на вкупна површина од 7.200 квадратни метри, а аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта. Сценската технологија и механика, како и целата сценска површина се од модуларен тип со двојно дно. Во системите на сценските технологии е вградена опрема од најпознати врвни светски производители за ваков тип опрема и објекти, која овозможува големи технички перформанси.

Otvaranje na Star nov dramski teatar (19)

Покрај основната функција на објектот, театарот сам по себе претставува и музеј со оглед дека преку темите на орнаментиката што ги краси ложите во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство, а посетителите можат да се запознаат со историјата на театарот на овие простори. Однадвор театарот го задржува својот автентичен изглед, а има и посебно осветлување (илуминација) на партерот, како и на целиот објект со што се истакнуваат неговите визури.

Otvaranje na Star nov dramski teatar (17)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top