Еден од најдобрите европски кошаркари во историјата, Хуан Карлос Наваро не планира да замине во пензија и се обврза на уште една сезона во дресот на Барселона.
Тој е најискусниот кошаркар во ростерот на каталонската екипа, која ќе направи огромни промени пред стартот на новата сезона. Се споменува дека уште една легенда ќе се врати во клубот, а тоа е Шарунас Јасикевичиус, кој ќе го замени Барцокас на тренерското место.
Оваа година, Наваро ја помина повеќе надвор, отколку во терените поради проблемите со повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.