Црна дамка во портфолиото на фудбалската репрезентација на Турција остави однесувањето на ѕвездата на Барселона Арда Туран, кој нападна новинар во авионот на враќањето од Македонија.
Турските медиуми објавија дека Арда го фатил за гуша новинарот на Милиет, и му се внел во лицето враскајќи:
Билал Месе, новинар на „Милиет“
–Кој те пушти во авионот? Дали беше со нас на Еуро 2016? Кој ти нареди да пишуваш за парите? Дали се и тие во овој авион? Кој ти го кажа тоа? Јас не сум како останатите. Ќе престанам да играм фудбал ако треба, но нема да дозволам да се збори за моето семејство! Ти работиш за весникот на Јилдирим Демирорен (претседателот на фудбалскиот сојуз на Турција).
Иако се обидел и физички да го нападне, не успеал.
По инцидентот Арда напиша на Инстаграм: „Не го пишувам ова за да се бранам, туку за да ги информирам луѓето. Кажав дека никогаш во животот нема да заборавам што се случуваше на Еуро 2016. И тогаш го видов еден од тие што пишуваше лаги за мене. Тоа го нарекуваат новинарство. Дали ја направив правата работа? Не знам. Но направив чесна работа. И секогаш ќе ја бранат својата честа и на своето семејство, а не да говорам позади грб. Дали ги добив одговорите на моите прашања? НЕ!“.
На Европското првенство минатата година медиумите пишуваа дека Арда Туран и уште некои играчи барале премии, а по тоа натпреварување, селекторот Фатих Терим не ги повика на стартот на квалификациите Туран, Бурак Јилмаз, Гекхан Гонул, Селчук Инан, Чанер Еркин и Хакан Балта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.