Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел се сретна со европратеникот и потпретседател на Словенечката демократска партија, Милан Звер.
Груевски денеска и утре претстојува во дводневна работна посета на Брисел. Главен настан на неговата посета е конференција за Западен Балкан која е организирана од Европската народна партија (ЕПП), а се одржува во Европскиот Парламент.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е придружуван од меѓународниот секретар на партијата, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Никола Попоски.
Груевски утре има набиена агенда, според која се предвидени билатерални средби со голем број европратеници, но и средба со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски