| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна временска прогноза

Попладнево и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Оттаму посочуваат дека утре кон крајот на денот се очекува на повеќе места да има поизразена нестабилност, која ќе биде проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на град, наместа процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме.

В четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба.

Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top