| четврток, 6 декември 2018 |

Внук ја претепал баба си за пари

МВР поднесе кривична пријава на триесет и осумгодишниот кумановец, Т.С. поради  сторено кривично дело тешка телесна повреда при семејно насилство.

Тој дошол во куќата на неговата осумдесет и четиригодишна баба М.И. и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не му даде пари, по што физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа ѝ ја свиткал раката, нанесувајќи и тешка повреда. Пријавениот бил уживател на опојни дроги и подолг временски период ја малтретирал неговата баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top