| четврток, 6 декември 2018 |

УЧК го урива сирискиот режим

Вој­на­та во Си­ри­ја, ко­ја поч­на пред две го­ди­ни, со по­ви­кот за ре­во­лу­ци­ја на 15 март 2011 го­ди­на, во пос­лед­ни­те ме­се­ци ги бе­ле­жи нај­кр­ва­ви­те су­ди­ри, прос­ле­де­ни со ил­јад­ни­ци жр­тви ме­ѓу ци­вил­но­то на­се­ле­ние, пре­теж­но же­ни и де­ца. Ако до­се­гаш­ни­от тек на вој­на­та бе­ше ка­ра­кте­ри­сти­чен по ло­ша­та ор­га­ни­за­ци­ја на бун­тов­ни­ци­те, кои не­маа си­ла да му да­дат по­се­ри­о­зен от­пор на ре­жи­мот, во пос­лед­ни­те ме­се­ци за­бе­ле­жи­те­лен е на­пре­до­кот на си­ри­ски­те бун­тов­ни­ци, кои ве­ќе има­ат и свои сло­бод­ни те­ри­то­рии. Во­е­ни­те ана­ли­ти­ча­ри пре­свр­тот го гле­да­ат во про­ме­на­та во та­ктич­ко­то во­ју­ва­ње и во зго­ле­ме­ни­те ре­зер­ви на оруж­је кај бун­тов­ни­ци­те, кои од по­че­то­кот на го­ди­на­ва на рас­по­ла­га­ње има­ат и те­шко во­о­ру­жу­ва­ње со кое ѝ на­не­соа го­ле­ми ште­ти на вој­ска­та на Асад, ко­ја, пак, во­оп­што не ни зна­е­ла де­ка го има­ат.

Зна­еј­ќи де­ка ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца сѐ уште не доз­во­лу­ва офи­ци­јал­но да се снабдуваат бун­тов­ни­ци­те со оруж­је, се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то кој ѝ по­ма­га на си­ри­ска­та опо­зи­ци­ја во ури­ва­ње­то на вла­ста „пр­ко­сеј­ќи“ им на ре­зо­лу­ци­и­те на ОН. Изра­ел­ски­те ме­ду­ми не­о­дам­на об­ја­ви­ја ин­фор­ма­ции по­ви­ку­вај­ќи се на свои раз­уз­на­вач­ки из­во­ри де­ка си­ри­ски­те бун­тов­ни­ци ми­на­ти­от ме­сец ги до­би­ле пр­ви­те пар­чи­ња те­шко оруж­је и тоа ди­рект­но од Ко­со­во и од Бос­на и Хер­це­го­ви­на. Ста­ну­ва збор за ан­ти­тен­ков­ски­те ра­ке­ти „кор­нет“ и „фа­гот“, со што зна­чи­тел­но им е по­до­бре­на по­зи­ци­ја­та во бор­ба­та про­тив си­ли­те на Ба­шар ал Асад.

Спо­ред ме­ди­у­ми­те што ја об­ја­ви­ја оваа ин­фор­ма­ци­ја, оруж­је­то до­а­ѓа­ло од два из­во­ра, од ра­ди­кал­ни ор­га­ни­за­ции во Бос­на и во Ко­со­во. Дел од нив има­ле не­ка­ква вр­ска со Ал Ка­е­да, во нај­ма­ла ра­ка иде­о­ло­шки. Сѐ уште не би­ло точ­но утвр­де­но кои се ор­га­ни­за­то­ри­те и фи­нан­си­е­ри­те на транс­пор­тот до Си­ри­ја, но се прет­по­ста­ву­ва де­ка ста­ну­ва збор за ал­бан­ска­та ма­фи­ја.

Нај­го­лем дел од оруж­је­то за­вр­ши­ло во ра­це­те на ис­ла­ми­стич­ка­та Џа­бат ал Ну­сра, бун­тов­нич­ка фрак­ци­ја по­вр­за­на со Ал Ка­е­да. Ис­ла­ми­стич­ка­та ор­га­ни­за­ци­ја го транс­пор­ти­ра­ла оруж­је­то пре­ку гра­ни­ца­та со Ли­бан од ка­де што ги на­па­ѓа­ла по­зи­ци­и­те на Хез­бо­лах во до­ли­на­та Бе­ка во исто­чен Ли­бан, чи­и­што при­пад­ни­ци се бо­рат и од стра­на­та на Асад во Си­ри­ја.

СИ­РИ­СКИ­ТЕ БУНТОВНИЦИ ВОЈУВААТ ПО „НОТИТЕ“ НА УЧК

Освен пре­ку про­даж­ба­та на те­шко­то во­о­ру­жу­ва­ње, Ко­со­во по­ве­ќе од ед­на го­ди­на е вме­ша­но во гра­ѓан­ска­та вој­на во Си­ри­ја, и тоа на по­ве­ќе по­ли­ња. До­де­ка ед­ни тр­гу­ва­ат со оруж­је, де­се­ти­ци, мо­же­би и сто­ти­ци ди­рект­но учес­тву­ва­ат во бор­би­те, а на те­ри­то­ри­ја­та на Ко­со­во се ор­га­ни­зи­ра­ат тре­нинг-кам­по­ви за си­ри­ски­те бун­тов­ни­ци ка­де што по­ра­неш­ни­те при­пад­ни­ци на УЧК им го пре­не­су­ва­ат сво­е­то искус­тво.

На по­че­то­кот на мај ми­на­та­та го­ди­на на Ко­со­во при­стиг­на де­ле­га­ци­ја на си­ри­ска­та опо­зи­ци­ја, ко­ја отво­ре­но по­ба­ра по­мош од сво­и­те „бра­ќа“ во бор­ба­та про­тив Асад. Пред­вод­ни­кот на де­ле­га­ци­ја­та, Амар Аб­дул­ха­мид, то­гаш из­ја­ви де­ка Ко­со­во ќе ста­не цен­тар за обу­ка на си­ри­ски акти­ви­сти и де­ка ко­сов­ско­то искус­тво мо­же да би­де мно­гу ко­рис­но, од­нос­но да им пос­лу­жи ка­ко инс­пи­ра­ци­ја за бор­ба. Во пр­ва­та го­ди­на од ре­во­лу­ци­ја­та во Си­ри­ја се по­ка­жа де­ка бун­тов­ни­ци­те не зна­ат ка­ко да се са­мо­ор­га­ни­зи­ра­ат и ка­ко да ѝ за­да­дат сил­ни уда­ри на вој­ска­та на Асад.

– Ту­ка сме да учи­ме. Ко­со­во го изо­ди овој пат и има искус­тво, кое мо­же да би­де мно­гу ко­рис­но за нас. Ние са­ка­ме да зна­е­ме ка­ко рас­фр­ла­ни­те во­е­ни гру­пи се ор­га­ни­зи­ра­ни во УЧК, из­ја­ви во­да­чот на си­ри­ска­та де­ле­га­ци­ја Амар Аб­дул­ха­мид при по­се­та­та на Ко­со­во ми­на­та­та го­ди­на.

Те­ро­ри­стич­ки­те та­кти­ки што ги усо­вр­шу­ваа во кам­по­ви­те во Ко­со­во им пос­лу­жи­ја на Си­риј­ци­те во на­па­ди­те про­тив вој­ска­та и вла­ди­ни­те офи­ци­јал­ни ли­ца, но ова искус­тво се од­не­су­ва­ше на ге­рил­ско во­ју­ва­ње и не им бе­ше до­вол­но за да ги за­др­жу­ва­ат по­зи­ци­и­те  по из­вр­ше­ни­те на­па­ди би­деј­ќи не­маа со­од­вет­но во­о­ру­жу­ва­ње.

Член на струч­ни­от тим на ју­го­и­сточ­на Евро­па за бор­ба про­тив те­ро­ри­зам, Џа­вид Га­ли­ја­ше­виќ, ми­на­та­та го­ди­на твр­де­ше де­ка си­ри­ски­те бун­тов­ни­ци се обу­чу­ва­ни од ин­стру­кто­ри на УЧК и де­ка обу­ка­та се вр­ши на Ко­со­во, но и во кам­по­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Но, спо­ред не­го, во кам­по­ви­те не се обу­чу­ва­ат са­мо Си­риј­ци, ту­ку и бун­тов­ни­ци од дру­ги арап­ски зем­ји, а ме­ѓу нив има­ло и при­пад­ни­ци на Ал Ка­е­да.

Де­ка по­сто­јат кон­та­кти ме­ѓу Ко­со­во и си­ри­ска­та опо­зи­ци­ја по­твр­ди и ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ко­со­во, Ен­вер Хо­џај, кој ре­че де­ка вла­да­та вос­по­ста­ви­ла „дип­ло­мат­ски кон­та­кти“ со бун­тов­ни­ци­те од кои оче­ку­ва ко­га ќе дој­дат на власт да ја приз­на­ат не­за­вис­но­ста на Ко­со­во. Кон­та­кти­те ме­ѓу УЧК и бун­тов­ни­ци­те, на­вод­но, би­ле вос­по­ста­ве­ни со по­мош на бри­тан­ски­те и на аме­ри­кан­ски­те раз­уз­на­вач­ки служ­би, кои го одре­ди­ле Ко­со­во ка­ко нај­по­год­но ме­сто за тре­нин­зи и тоа од две при­чи­ни – искус­тво­то на УЧК во ге­рил­ска бор­ба и кон­фи­гу­ра­ци­ја­та на те­ре­нот, ко­ја е мно­гу слич­на на Си­ри­ја. Обу­ки­те ги др­же­ле не са­мо чле­но­ви на УЧК, ту­ку и бри­тан­ски и аме­ри­кан­ски опе­ра­тив­ци, кои сво­е­вре­ме­но ги обу­чу­ва­ле и ко­сов­ски­те те­ро­ри­сти. Во пре­не­су­ва­ње­то на тај­ни­те на во­ју­ва­ње­то, на­вод­но, учес­тву­ва­ле и му­џа­хе­ди­ни од БиХ и од Ма­ке­до­ни­ја. Ли­ца­та што се обу­чу­ва­ле до­а­ѓа­ле пре­ку раз­ни ка­на­ли на при­ста­ни­шта­та во Ал­ба­ни­ја и во Тур­ци­ја, а се­то тоа, на­вод­но, се кон­тро­ли­ра­ло пре­ку та­мош­ни­те раз­уз­на­вач­ки служ­би.

(Текстот беше објавен во 27. број на Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top