| четврток, 6 декември 2018 |

„Плаќам 2500 евра за врски за вработување“- храбар оглас на мајка во Босна

Во еден најпопуларните босански огласници осамна ваква понуда:

„ Барам постојана работа како хигиеничарка во училиште или државна болница во или околината на Сараево или Тузла. Само озбилни може да се јават со приватни пораки. Мајка сум на три малолетни деца, имам 40 години. Завршео основно училиште и пет години искуство. Ако некој има врски со кои може да ме вработи плаќам 5000 КМ.“

trazim posaoОгласот, објавен минатата недела, наскоро беше тргнат, а контактите избришани, со назнака „Завршен“.

Босанските весници за овој случај оценија дека ова е „храбар оглас на мајка каков што никој немал храброст јавно да го напише“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top