| четврток, 6 декември 2018 |

„Логично“: Мицковски, Апасиев и Бужаровска за изборот на Рашковски

Не застануваат критиките кон составот на тимот на Зоран Заев кој што го внесе на „Илинденска 2“. Шокот што го предизвика прво изборот на министри, особено на оние без ресор, продолжи со избор на „внатрешните“ функционери. Интернет- хитот Рамиз Мерко, го замени Драги Рашковски, нов генерален секретар на Влада.

Ивор Мицковски потегот за избор на Рашковски вели дека е „Логично“

„Ген-сек на Влада бил во контрапленумот за време на Груевски. Логично.
Затоа сега е посветен демократ и заевист“- стои во неговата зајадлива порака на Фејсбук.

Димитар Апасиев, уште еден од големите борци за рушење на „режимот“, го опишува Рашковски како „еден од понекадарните студенти-гзолижачи“.

Румена Бужаровска, пак само си ги поздрави другарите „пленумци“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top