Филмскиот критичар и публицист, уметнички директор и селектор на главната компетиција на фестивалот Браќа Манаки, Благоја Куновски-Доре ќе биде член во интернационалното жири за прогласување на најдобриот филм во програмата „Европа вон Европа“ на претстојното 41. издание на Меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ во Белград.
Во жирито ќе членуваат и водечкиот српски сценарист и режисер Срѓан Драгојевиќ („Убави села убаво горат“, „Парада“) и угледниот филмски критичар на Париски „Л’Хуманите“ и актуелен председател на Светската федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ, Жан Роа.
Како гостин на ФЕСТ, што ќе се одржи од 22 февруари до 3 март, ќе биде поканет и македонскиот актер Дејан Лилиќ, кој толкува една од главните улоги во рускиот филм „Предавство“ на режисерот Кирил Серебреников. „Предавство“ е дел од програмата „Европа вон Европа“, составена од филмови на кинематографии од земји кои географски се во Европа, но не се членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура