Новиот министер за култура како впрочем и сиот кабинет на Зоран Заев, до „вчера“ не штедеше пцости, лични навреди и споделување деструктивни пораки и желби во јавниот, наводно критички, дискурс за никој и ништо што беше дел од општеството или што претставуваше некаков успех на државата во целина.
Еден од главниот цели за напад и оцрнување во јавноста беше и сопственикот на ракоментиот клуб „Вардар“, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Етикетиран како „подржувач на режимот“, соросовата армија и функционери на партијата се обидуваа да ги блокираа и оспоруваат проектите, па и оние поврзани со актуелниот европски шампион.
Меѓу тоа што ќе остане запаметено е однесувањето и пораките на актуелните министри, како Роберт Алаѓозовски, кој што Самсоненко на Твитер го ословува со „Куртоненко“, како „гласен подржувач на поразениот режим“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.