Шефот на македонската дипломатија денеска се сретнал со шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје, а имал контакт и со неговиот колега Аврамопулос за случајот со забраната за влез на новинарката од Дневник – соопштуваат од грчкото МНР и велат дека случајот е затворен.
„По повод неодамнешниот инцидент со забраната за влез во нашата земја на новинар од весникот Дневник од Скопје, шефот на канцеларијата за врски на Грција, амбасадорот Лалакос, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Поранешната Југословенска Република Македонија и ја изрази вознемиреноста на Грција за размерите што ги опфаќа во соседната земја, едно прашање што се однесува исклучиво на грчката внатрешна законска регулатива.
По средбата на високо ниво, но и по комуникацијата што ја имаше грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос со неговиот колега Никола Попоски, случајот се смета за затворен“, пишува во писменото соопштение до медиумите од портпаролот на грчкото МНР, Константинос Кутрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



