| четврток, 6 декември 2018 |

МНР, МАН и ЗНМ ја осудија Атина за одлуката на Костовска

Kostovska19

Министерството за надворешни и новинарската фела бара најитно расчистување на случајот со новинарката на Дневник, Ивана Костовска, на која грчките власти викендов и забранија приватен влез во Грција. Македонското МНР, смета дека ова е кршење на една од основните демократски права – сободна на движење.

-Наведените причини заради кои не и се дозволува влез под превезот за заштита на националната безбедност на Грција, се метод користен во некои одамна заборавени времиња, наведуваат од МНР.

Македонската асоцијација на новинари, пак бара грчката абмасада најитно да се произнесе за случајот, а воедно МЉАН, очекува реакција и од Амбасадата на Европската Унија во Скопје.

-Ваквата одлука на грчките власти, за МАН е особено скандалозна бидејќи доаѓа од држава членка на Европската Унија. Македонската асоцијација на новинари, не сака да верува дека оваа одлука е обид да се замолчат новинарите во Македонија да не пишуваат за состобите на македонското млацинство во Грција.

МАН, бара и канцеларијата на Европската унија во Македонија да се произнесе за овој случај и да преземе мерки за негово решавање, бидејќи и во одлуката на грчките власти се наведува дека тие постапувале на граница на Европската Унија и ги штителе интересите на Европската Унија, стои во Реакцијата на Македонската асоцијација на новинари.

ЗНМ, пак преупредува дека ова не е единствен ваков случај.

-Предупредуваме дека ваквите блокади за влез на македонски новинари од страна на грчките официјални власти стануваат се позачестени. Повторната забрана за влез на македонски новинар во Грција е недоличен пример за една земја членка на ЕУ, стои во ракцијата на ЗНМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top