| четврток, 6 декември 2018 |

Кустурица: Сеуште не сум ја совладал уметноста на живеењето

Познатиот режисер Емир Кустурица иако многумина мислат дека со леснотија доаѓа до се во животот ги демантира со оваа изјава:

-Нема подобар пример од мене како некој мора секогаш однови да се намачи, и постапката на создавањето да ја открие од почеток и да помине низ тунелите на пеколот за да стигне до среќен крај на создавањето. Поради тоа им завидувам на луѓето кои ја совладале животната тајна и за било која работа да се зафатат-уживаат. За разлика од мене, тие сфатиле дека поминаа времињата на Микеланџело, вели Кустурица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top