Даниел Нарсис го постигна голот за израмнување на седум секунди до крајот, но и тоа не беше доволно за да се совлада Вардар.
–Вардар одигра два извонредни меча, забележа две победи со голови во последната секунда. Секако дека сме разочарани, кога ќе загубиш финале секогаш е тешко да кажеш нешто паметно, ние работевме многу напорно цела година, но за жал ова денеска не беше доволно за да стигнеме до победата. Ова е спорт, во секое финале има победник и поразен, денеска ние сме тие што ќе плачеме, истакна искусниот бек на ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.