Кирил Лазаров можеше да биде главната причина за елиминацијата на Вардар во Келн, откако врза неколку гола во низа на крајот од мечот, кои можеа да бидат кобни по нашиот шампион.
Но, шоуто на крај го украде Циндриќ, кој со гол во последните секунди донесе радост на македонската екипа.
– Вардар заслужено, не можам да кажам дека не е заслужено. Имаа спортска среќа, но мислам дека и ние да победевме немаше да биде незаслужено. Веќе неколку години ни се случува исто во последните секунди, истото ни се случи во полуфиналето против Флензбург, но тоа е спортот. Навивачите нека уживаат, што е тука е, му посакувам среќа на Вардар. Мислам дека Вардар одигра екстра и може да го победи ПСЖ – изјави капитенот на Македонија, Кире Лазаров
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.